Општествена одговорност
Секој месец е месец за борба против ракот на кожа.
2016
Прва ЕУРОМЕЛАНОМА кампања
70+
Прегледани пациенти за 3 дена (2022)
8
Карциноми откривани за 3 дена (2022)
90%
Превентибилност на рак на кожа









Моја мисија
Мое цврсто убедување е дека секој член на нашата заедница може и треба да придонесе за подобрување на состојбата во општеството. Секој на свој начин, своето знаење и искуство да ги стави во служба на општото добро.
Едукација за рак на кожа
Мојот придонес е во правец на едукација на населението за ракот на кожа, претежно преку социјалните мрежи и сите видови на медиуми со цел подигнување на свеста за опасноста од овој тип на карцином, кој е и единствен што може да се види и со голо око, но многу често останува непрепознаен и луѓето доцна се јавуваат на преглед.
ЕУРОМЕЛАНОМА
Од 2016 редовно учествувам во паневропската кампања за бесплатни прегледи — ЕУРОМЕЛАНОМА — која се одржува во месец Мај. Во 2022г. една од поуспешните: самостојно прегледани рекордни 70 пациенти во тек на трите дена од кампањата, откриени беа 7 базоцелуларни карциноми и 1 меланом.
Домови за стари лица
Последните 3 години редовно ги посетувам Домовите за стари лица, правејќи скрининг за рано откривање на рак на кожа. Ова е ранлива група на наши сограѓани со висок ризик за рак на кожа на која не и се достапни дерматолошките услуги. Пренесено од "Види Вака" - платформа за луѓе кои се невидливи за институциите.