Д-р Верче Тодоровска
Специјалист дерматовенеролог
Др Верче Тодоровска има завршено Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 2000г. После шест годишно работење како општ лекар, започнува со специјализација по дерматовенерологија. Покажува особен интерес кон дерматоскопијата — неинвазивна метода за рано откривање на ракот на кожа.
Од 2016г. станува член на Интернационалното Дерматоскопско Здружение. Официјалната обука ја изведува на реномирани европски школи: Европска Школа за Дерматоонкологија (Берлин), Курс за Извонредност за Дермоскопија (Рим), ЕАДО fellowship на Универзитетот Аристотелис во Солун, под менторство на Проф. Емилиос Лалас.
Д-р Верче Тодоровска е единствен носител на Професионална Диплома за Дермоскопија, сертифицирана од Универзитетот во Квинсленд.

Меѓународни стручни здруженија
Здружение на Дерматовенеролози на Македонија
Европска Асоцијација за Дерматоонкологија (ЕАДО)
Интернационалното Здружение за Дерматоскопија (ИДС)
Европска Асоцијација за Дерматовенерологија (ЕАДВ)